teen girl Admin

Posts: 237 Join date: 2009-10-23
 | Subject: Nesto za Emilija Tue Jan 12, 2010 6:24 pm | |
| Емилија Атијас (шпански: Emilia Attias) (родена 20 март, 1987) е професионален модел, глумица и танчерка во Аргентина. Се има појавено на многу насловни страници на голем број списанија вклучувајќи ги и Maxim, Gente и Gabo. Најдобро е позната по својата улога како Сијело Магико, подоцна Паз Магико во аргентинската телевизиска серија Ангели.
Атијас е родена во Буенос Аирес.
Својата кариера ја започнува некаде во 2003 година со гостување во неколку епизоди од серијата Млади бунтовници. Подоцна се здобива со мали улоги во некои сегменти на некои телевизиски емисии. Нејзината прва главна улога ја добива во 2007 година, во телевизиската серија Ангели каде ја толкува Сијело Магико, млада девојка во потрага по вистината за своето минато. Серијата е моментално во својата трета сезона, каде Атијас повеќе не ја толкува улогата на Сијело Магико туку ја глуми нејзината ќерка Паз, исто така протагонист во серијата. |
|